Не се може против природата: Одложен е дуелот во Бергамо!

Аталанта и Вилјареал вечерва и дефинитивно нема да играат. Иако се најавуваше дека со задоцнување од 20 минути ќе започне мечот во Бергамо, сепак, временските услови не доволија да се игра фудбал вечерва.

Обилните врнежи од снег постојано го покриваа теренот, па ни агилната работа на редарите не дозволи средбата да започне. Од УЕФА најавија дека дополнително ќе биде одреден датумот кога ќе се игра оваа средба која треба да го даде еден патник во осминафиналето во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести