Барселона џабе ќе го игра второто полувреме кога нокаут фазата им остана само сон (Видео)

Барселона губи со 0:2 на полувремето во Минхен од Баерн, а во исто време Бенфика има предност од 2:0 против Динамо Киев. Со овие резултати, Бенфика е патник во нокаут фазата од Лигата на шампиони, а Барселона ќе продолжи во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Томас Милер и Лирој Сане со голови во последните 15-тина минути доведоа предност од 2:0 за Баерн.

Бенфика во првите 25 минути постигна два погодоци против Динамо и сега само рутински треба да ги одработи вторите 45 минути.

Во останатите мечеви кои се играат сега, по првото полувреме: Манчестер јунајтед – Јанг Бојс 1:1, Салцбург – Севилја 0:0, Волфсбург – Лил 0:1. Дуелот Аталанта – Вилјареал е одложен поради обилни врнежи од снег.

 

- Оглас -

Најнови вести