Вилјареал ја „замрзна“ Аталанта и се пласираше во осмина-финалето од Лигата на шампионите

Екипата на Вилјареал е последниот патик во осмина-финалето од Лигата на шампионите, откако предмалку ја победи Аталанта со 2:3.

Откако натпреварот вчеравечер беше одложен поради временските непролики, денеска иако стадионот во Бергамо беше одлично подготвен, домашниот тим „замрзна“ на теренот.

Веќе во втората Арнаут Данјума донесе водство за Вилјареал, а 40 минути подоцна, Етиен Капупогоди за 2:0, а со оглед на тоа дека на гостите им одговараше и нерешен резултат, можеше да се каже дека оваа средба и дилема е решена.

Данјума зголеми на 0:3 веќе по само неколку минути игра од вториот дел.

Домашниот тим преку Малиновски и Запата даде два гола до крајот, но, тоа не беше доволно за комплетен пресврт.

Вилјареал во групата Ф на крајот заврши со 10 бода, еден помалку од Манчестер јунајтед.

Аталанта, која пак ќе ја гледаме во Европа лигата остана на шест, додека, пак, Јанг Бојс е последнопласиран со пет бода.

Ждребот за Лигата на шампионите ќе се одржи во понеделник точно напладне.

- Оглас -

Најнови вести