Изминатава ноќ во НБА имаше само шест натпревари, а дефинтивно меѓу најинтересните беше Лос Анџелес лејкерс и Орландо меџик, каде што домашните победија со 106:94.
Предводник, како и досега многупати во својата кариера, беше кој друг ако не Леброн Џејмс.
Популарниот крал го забележа третиот трипл-дабл за оваа сезона, и тоа со 30 коша, 11 скока и десет асистенции.
Леброн игра како да е тинејџер и ужива во кошаркарата како млад кошаркар, а не како кошаркар кој ја игра деветнаесеттата сезона во најсилната кошарска лига во светот.
НБА
Њујорк никс – Милвоки бакс 97:112
Детроит пистонс – Бруклин нетс 104:116
Оклахома сити тандер – Далас маверикс 84:103
Сан Антонио спарс – Њу Орлеанс пеликанс 112:97
Портланд трејлблејзерс – Минесота тимбервулфс 111:116
Лос Анџелес лејкерс – Орландо меџик 106:94