Дури 70 години го чекаа ова, а потоа се случи делириум на 200.000 луѓе (Видео)

Екипата на Атлас од Гвадалахаре е новиот првак во Мексико. За Атлас ова е прва титула по пауза од дури 70 години.

Во реванш-мечот од финалето на плејофот, Атлас на пенали го победи Леон и потоа започна неверојатно славење во градот кој има еден и пол милион жители.

https://twitter.com/i/status/1470552983804985350

Со песна, но и со солзи радосници, навивачите на Атлас ги поздравуваа своите херои. Околу 200.000 навивачи излегоа низ улиците на Гвадалахаре.

https://twitter.com/i/status/1470560347455033347

Со оваа победа Атлас се избори за пласман во КОНКАКАФ Лигата на шампиони. Клубот кој е основан во 1916 година сега има 10 јубилејни трофеи. Покрај првенствените титули од 1951 година и оваа сега, во клупските простории има и четири трофеи од Купот на Мексико, а уште четирипати го освојуваше Супер купот на својата земја.

https://twitter.com/i/status/1470557533949542400

- Оглас -

Најнови вести