Алжирецот кој го елиминираше Катар со гол во 107-ма минута, доби отказ од својот катарски клуб

Алжирскиот фудбалер Јусеф Белаили веќе не е член на катарскиот клуб Катар СК, а раскинот на договорот го доби само еден ден откако даде гол за победа на Алжир против Катар во полуфиналето на Арапскиот куп.

Катарците не можеа да му простат што во лудиот меч со 20 минути судиско продолжение, тој во 107-ма минута се радуваше на својот гол за триумф против земјата во која играше на клупска сцена.

Белаили му се заблагодари на Катар СК и потврди дека е слободен играч. Тој има играно за француски Анже, и веројатно повторно ќе се обиде да потпише со некој европски клуб.

Ова не е прв ваков случај во светот на фудбалот, нешто слично имаше и во 2002 година кога Кореецот Ан Јунг-хван беше избркан од Перуџа, откако тој со гол ја елиминираше Италија во осминафиналето на Мундијалот пред 19 години.

- Оглас -

Најнови вести