Алжир се пласира во финале на Арапскиот куп со гол во 107-мата минута, а немаше продолженија (Видео)

Јусеф Белаили го однесе Алжир во финале на Арапскиот куп откако победничкиот гол за 2-1 го постигна дури во 17-тата минута од судиското продолжение на мечот со Катар. Долгото играње по 90-тата минута, претходно го искористија и Катарците, кои на 1-1 изедначија во 96-тата минута.

Во финалето, Алжир ќе игра против својот сосед Тунис.

Белаили не го реализира пеналот во 107-мата минута, но имаше среќа што топката се одби кај него и сепак даде гол вреден финале.

- Оглас -

Најнови вести