Повик на природата направи Павард да „исчезне“ од теренот (Видео)

Баерн Минхен во стил ја заврши 2021 година, со победа од 4:0 против Волфсбург. Домаќините на „Алијанц Арена“ во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева на чудо, а по еден час игра беше 3:0.

Во финишот на мечот, се случи една бизарна ситуација, а во главна улога беше Бенжаман Павард. Додека траеше нападот на Баерн, Павард изненадно истрча од теренот и поита кон соблекувалната.

На францускиот репрезентативец едноставно му се одело во тоалет и не можел да издржи, па реши да излезе од теренот. За среќа, Баерн не остана долго без фудбалер на теренот, затоа што во тој момент во игра требаше да влезе Малик Тилман. Тој требаше да влезе на местото на Мусиала, но откако Павард „исчезна“ од теренот, Тилман влезе на местото на Французинот, а Мусиала го одигра целиот меч.

„Бенжамин дојде и на француски ми рече дека мора да оди во тоалет. Тоа е колку што разбрав со моето скромно познавање на францускиот јазик. Одигра три-четири додавања со топката и кога таа се префрли на спротивната страна, тој едноставно истрча од теренот“, објасни тренерот на Баерн Јулијан Нагелсман.

https://twitter.com/i/status/1471955782979702787

- Оглас -

Најнови вести