Најслабиот тим на Западот победи со тројка во последната секунда, за Орландо одлично одигра поранешниот играч на МЗТ Скопје (Видео)

Пандемијата со Коронавирусот го диктира темпото и во НБА лигата, па на дневна база се формираат составите на екипите. Во една таква ситуација, на Бруклин и Орландо им недостасуваа дури по 12 играчи во составите. Во ситуација кога кај Бруклин го немаше кевин Дурант, Орландо успеа да изненади и победи со 100:93.

Кај гостите веќе втор меч по ред игра Хасани Гравет, кој до пред неколку месеци го носеше дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Гравет одигра 25 минути за Орландо и на крајот заврши со седум поени, 5 скока и три асистенции.

Најинтересниот меч го одиграа Оклахома и Лос Анџелес клиперс. Домаќините се со најлош скор во Западната конференција, но сепак успеаа да го изненадат фаворитот и победија со тројка погодена со звукот на сирената за крај на мечот.

https://twitter.com/i/status/1472407771844775939

Резултати: Бостон – Њујорк 114:107, Бруклин – Орландо 93:100, торонто – Голден Стејт 119:100, Оклахома – ЛА клиперс 104:103, Милвоки – Кливленд 90:119, Јута – Вашингтон 103:109.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести