Елиф Елмас играше за Наполи како резерва од 76-тата минута, а неговиот тим доживеа сензационален пораз на домашен терен од Специја со 0:1.
Клучен момент беше автоголот на Жесус во 37-мата минута, а стоперот на Наполи несмасно си ја погоди својата мрежа.
https://twitter.com/z490154003/status/1473752760944312326?s=20
Наполи постојано напаѓаше, но и повторно загуби од Специја во Неапол, исто како и во ланското првенство, кога гостите си заминаа со бодовите и со победа од 1:2.
Во истиот термин од 20.45 часот вечерва Милан го победи Емполи со 4:2 и остана на второто место за паузата поради божиќните и новогодишните празници.
Интер е лидер со 46 бода, Милан има 42, а Наполи е трет со 39 бода, еден повеќе од Аталанта и пет плус во однос на Јувентус.