Гвардиола се чуди: Како може навивачите на трибини да не носат маски?

Традиционалното англиско коло за Боксинг Деј е многу посиромашно од вообичаено, затоа што голем број на мечеви се одложени по новиот бран на пандемијата. Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е изненаден како не се променија правилата за да мора задолжително да се носи маска на стадионите, каде има по 50.000-60.000 гледачи.

„Не би сакал повторно да играме пред празни трибини. Многу е поинаку кога играме пред навивачите, но за жал во светот има се поголем број на заразени. Луѓето кои доаѓаат на стадион, а не носат маски меѓусебно си го загрозуваат здравјето. Изненаден сум. Ќе излезете надвор, ќе одите во трговски центар каде што луѓето купуваат подароци, а никој не носи маска. Од самиот почеток на пандемијата, експертите потенцираат дека е најдобра заштита од вирусот е да се носи маска. Мора да држиме дистанца и да носиме маска. Само така ќе може да ги задржиме навивачите на трибините, не сакаме нови забрани“, рече Гвардиола.

Манчестер сити денеска од 16 часот игра против Лестер.

- Оглас -

Најнови вести