НБА оваа година слави 75 години од своето постоење, а Леброн Џејмс и Расел Вестбрук направија нешто што се случило само 13 пати во историјата на најсилната кошаркарска лига.
Двоецот на Лос Анџелес лејкерс во победата на својот тим над Хјустон рокитс од 132:123 забележа трипл-дабл учинок, нешто што претставува голема реткост во НБА.
Како што кажавме, само 13 пати се има случено двајца играчи од ист тим да имаат ваков учинок.
Леброн Џејмс имаше учинок од 32 поени, 11 скокови и исто толку асистенции, додека Вестбрук забележа 24 коша, 12 скокови и 10 асистенции.