Клуб од Тахити ќе игра на Светско клупско и мечтае за дуел против Челзи

Досега сигурно не сте слушнале за клубот Пирае, но ќе имате шанса да го запознаете на Светското клупско првенство кое ќе се игра во февруари. Егзотичниот клуб од Тахити неочекувано доби место да биде дел од најпрестижното клупско натпреварување на ФИФА.

Оукланд сити требаше да биде претставник на Океанија, но на местото на најтрофејниот клуб од Океанската фудбалска федерација (ОФЦ), како дел од Светското клупско првенство ќе биде Пирае. Во Нов Зеланд на сила се ригорозни мерки поради пандемијата со Коронаирусот и Оукланд го откажа настапот на планетарниот клупски собир.

Пирае е деветкратен првак на Тахити, територија која е француска територија. Овој клуб има право за настап и во францускиот куп, а во сезоната 2015/16, тимот стигна дури до седмото коло на најмасовното клупско натпреварување на Франција.

На Светското клупско натпреварување играат континенталните шампиони, па овојпат претставник на Европа ќе биде Челзи. Место на ова натпреварување имаат обезбедено и Палмеирас (Јужна Америка), Ал Хилал (Азија), Ал Ахли (Африка), Монтереј (Средна и Северна Америка), како и домаќинот Ал Џазира како претставник на Обединетите Арапски Емирати, кои се домаќини на турнирот што ќе се игра во периодот од 3 до 12 февруари.

Во првото коло Пирае ќе игра против домаќинот Ал Џазира, а ако победи следен противник ќе им биде Ал Хилал. Победникот од овој меч, во полуфиналето ќе игра против Челзи, што значи дека еден тим од Тахити има шанса да вкрсти со актуелниот европски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести