Раководството на шпанската Ла Лига не го одложи мечот меѓу Мајорка и Барселона и тој ќе се игра вечерва од 21 часот, иако двете екипи заедно од различни причини имаат дури 28-мина отсутни фудбалери.
Поради повреди и позитивни тестови на ковид-19, кај Барселона нема да настапат дури 16-мина фудбалери, голем дел од нив и првотимци.
И Мајорка има сериозни проблеми пред стартот на дуелот од 19-тото коло и не може да смета дури на 12-мина играчи.
There are 28 players unavailable through COVID or injuries in the match between Mallorca & Barcelona from soccer
Мечот сепак ќе се игра на стадионот „Визит Мајорка“ и ќе почне од 21 часот.