Хаос во Италија, одложени се и дуелите Болоња – Интер, Аталанта против Торино и Фиорентина – Удинезе

Хаотично ќе почне годината во Серија А со најмалку четири натпревари што нема да се играат денеска во 20. коло, или прво од пролетниот дел на првенството во Италија.

Поради лошата ситуација со пандемијата со Ковид-19 се знаеше дека нема да се игра дуелот меѓу Салернитана и Венеција, а сега има уште три одложени дуели.

Ситуацијата е бизарна и покрај одлуката на раководството на Серија А да се игра, локалните власти им забрануваат на екипите со голем број на заразени да се натпреваруваат.

Таков е случајот со Болоња, каде има голем број на позитивни на тест за корона-вирус, локалните здравствени власти не дозволуваат да се игра, па играчите на Интер како гости треба само да истрчаат на терен и да го одбијат мечот со службен резултат.

Таква засега е одлуката на луѓето што раководат со Серија А, но јасно е дека на „Ренато Дал Ара“ нема да се игра фудбал.

Истото се случува и со дуелите меѓу Аталанта и Торино и Фиорентина и Удинезе, па хаотично ќе почне пролетниот дел во италијанското првенство со шест од предвидените 10 дуели денеска од 20. коло.

 

- Оглас -

Најнови вести