Извршниот комитет на Европската ракометна федерација, ЕХФ, донесе ново правило, со кое ракометар коју е заразен со коронавирус, ќе биде само пет дена изолација по позитивен тест, а не 14 дена како досега.
Откако ќе помине пет дена во карантин, и ако нема симптоми, ракометарот, тренерот или членот на делегацијата ќе треба да даде два последователни негативни теста, по што би се стекнал со право на настап.
Ова е многу подобро правило од старото, со кое се загрози и самото ЕП, бидејќи многу селекции би биле преполовени во првата фаза.
Во македонската репрезентација засега нема позитивни, следното тестирање е утре, па на 10-ти јануари. Тестирање ќе има и на денот на првиот натпревар со Словенија, на 13-ти јануари.