Рјоју Кобајаши е победник на овогодинешното издание на новогодишната турнеја Четири скокалници.
Јапонецот до оваа титула дојде благодарение на одличните три настапи на скокалниците во Оберздорф, Гармиш Партенкирхен и Инзбрук, додека вечерва го освои разочарувачкото петто место.
Рјоју не успеа да стане првиот скокач кој два пати стасал до триумф на сите четири скокалници.
Тој, на крајот заврши на петтото место со 277.8 поени, додека на првото место финишираше Даниел Хубер со скокови од 136.5 и 137 метри, односно вкупно 286.8 поени.
Под број два заврши Хавор Егнер Гранеруд, а пласманот на победничкиот пиједестал го комплетираше Карл Гајгер.
Ова беше 69-то изданије на едно од најстарите скијачки натпреварувања кое за прв пат се појави во 1953 година.