Ливерпул и Тотенхем беа големи фаворити во мечевите против Шревсбери и Морекамб во дуелите од ФА Купот, но премиерлигашите се намачија за да стигнат до четвртото коло во ФА Купот.
Шревсбери имаше почеток од соништата на „Енфилд роуд“ и поведе со 1:0, но Ливерпул до полувремето направи пресврт. Најпрво Гордон израмни на 1:1, а потоа Фабињо од пенал погоди за водство на Ливерпул во 44 минута.
Сите дилеми Ливерпул ги реши во 78 минута кога Фирмино на атрактивен начин со петица зголеми на 3:1, а Фабињо со својот втор погодок, во 94 минута ги постави конечните 4:1 за домаќинот на „Енфилд роуд“.
Firmino back heel 🇧🇷👏🏼#LFC #LIVSHR pic.twitter.com/qkSDlwbhVo
— Chris Chambers (@Chris_Chambo_) January 9, 2022
Тотенхем за малку ќе приредеше непријатно изненадување на свој терен, откако на полувреме губеше со 0:1 од третолигашот Морекамб. Во редовите на Тотенхем во 69 минута мораа да влезат Хари Кејн и Лукас Моура за да се случи пресврт.
Најпрво Вингс во 74 минута израмни на 1:1, а потоа по еден гол дадоа Моура и Кејн за победа на лондонскиот фаворит од 3:1.
Завршени резултати од ФА Купот: Лутон – Харгот 4:0, Чарлтон – Норич 0:1, Стоук – Лејтон Орион 2:0, Вест хем – Лидс 2:0, Вулверхемптон – Шефилд јунајтед 3:0.