Ноќта на фантастични голови во Топ пет лигите продолжи и на средбата меѓу Вилјареал и Атлетико Мадрид, во меч кој заврши 2:2.
Стрелец на ремек делото од половина терен е Анхел Кореа во 10-та минута. Напаѓачот на актуелниот првак, ја украде топката на средината на теренот, а потоа и на фантастичен начин ја затресе мрежата на голманот на домаќините.
Пау Торес израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел, а претходно Вилјареал промаши пенал преки Џерард Морено а на Дани Парехо му беше поништен гол со одлука на ВАР.
Во вториот дел, Алберто Морено погоди во 58-та минута, додека Џефри Кондогбија ги постави конечните 2:2.
Со ова, Атлетико дојде до 33-от бод и остана на четвртотто место, додека Вилјареал е под број осум со 29 бода.
What a goal by Angel Correa 🔥🔥 pic.twitter.com/x4TcrDJOZs
— Ziad is back in pain (@Ziad_EJ) January 9, 2022