Стојанче Стоилов не мисли дека неиграњето на Кирил Лазаров било клучно за поразот од Словенија. Искусниот пикер верува дека македонскиот национален тим е на добар пат.
„Малку бевме неискусни во одредени ситуации, избрзавме во некои напади. Се подготвивме добро, не бевме изненадени од ништо од Словенија, чувствувавме дека можеме, но немавме среќа. Се надевам дека на следните два меча ќе играме подобро и помалку ќе грешиме. Најбитно е дека видовме дека можеме“, изјави Стоилов на прес-конферецијата по мечот во Дебрецин.
„Не беше ништо страшно кога дознавме дека Киро нема да игра, тој не играше ни на пријателските мечеви, веќе се навикнавме да играме без него, можеме да играме и без него. Добро се чувствувавме, но избрзувавме“, додаде Стоилов.