Праведно ли е? Нас за чорапите не казнија со 2 илјади евра, Ласица кој плукаше кон навивачите доби глоба од 5 илјади евра (Видео)

Црногорскиот репрезентативец Марко Ласица е казнет со 5 илјади евра од ЕХФ по големиот инцидент по мечот со Македонија.

Ласица по победата на Црногорците дојде до трибината со македонски навивачи и плукаше кон нив.

Ласица потоа се извини, но сепак е казнет од ЕХФ. Казна имаше и за репрезентацијата на Македонија, но за претходниот меч со Словенија кој исто така го загубивме, со 25:27, а причината беше чудна, нашите ракометари имале различни чорапи од пријавените за настап.

Казната од ЕХФ за Македонија беше 2.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести