Официјално: Муслиу е нов член на најслабиот тим во германската Цвајта

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Висар Муслиу, од денеска и официјално е нов член на германскиот второлигаш Инголштад.

Муслиу кој има 40 настапи за македонската репрезентација, во „фенерџијата“ на Цвајта доаѓа од унгарски МОЛ Фехервар.

„Среќен сум што потпишав за Инголштад. Посебно убаво е што ќе играм во Германија, голема фудбалска земја. Првите импресии ми се позитивни, одвај чекам да се запознаам со тимот, и ќе дадам максимум, за да се смени оваа ситуација во која сме моментно на табелата“ – изјави 27-годишниот Муслиу, кој веќе одржа и прв тренинг со новите соиграчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести