Вујовиќ: Македонците не се реални, не знам зошто беа толку разочарани од поразот од Црна Гора

Легендарниот Веселин Вујовиќ кој повеќе години беше тренер и на скопски Вардар, смета дека македонската публика си го преценува својот национален тим, и имала нереално големи очекувања на Европското првенство во ракомет.

„Црна Гора на ниту еден меч не беше фаворит, а знаев дека се влезе машки во рамноправна завршница, ќе ја победиме Словенија која нема карактер и нема дефиниран лидер. Не знам зошто е толкаво разочарувањето во Македонија после поразот од Црна Гора. Тоа како тие ги гледаат своите играчи и тимот, не е реално“ – изјави Вујовиќ.

Вујо даде мислење и за иднината на Кирил Лазаров како селектор на Македонија.

„Мислам дека сите селектори од поранешна Југославија ќе се извлечат со короната како алиби, само Врањеш нема да остане селектор на Словенија. Кирил Лазаров е млад тренер и има огромен авторитет, па нема да биде критикуван“ – прогнозира Вујовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести