Црна Гора ја изненади Македонија, го смени словенечкиот селектор, попладнево на мегдан со Хрватска

Со дуелот на Црна Гора и Хрватска од 15.30 часот, стартува втората фаза на ракометното Европско првенство. Овој дуел ќе се игра во Будимпешта, а за Црногорците ќе биде историски, бидејќи првпат играат во втора фаза на едно ЕП во машка конкуренција.

Црна Гора во Дебрецин ги изненади Македонија и Словенија, а сега повторно имаат дуел со екс-ју република, и тоа онаа што има најмногу ракометни трофеи, дури 14.

Коронавирусот е еден од главните фактори на ова ЕП, селекторите на само половина час пред мечевите ги дознаваат резултатите од ПЦР тестирањата, и затоа можни се секакви изненадувачки отсуства во последен момент.

Репрезентацијата на Германија дури најави и повлекување од ЕП, но потоа се премислија, ќе играат со тоа што ќе го имаат на располагање. Не е можно подготвување на специјални тактики бидејќи не се знае до последен момент кој ќе игра, затоа мотивацијата ќе биде решавачка на некои средби.

- Оглас -

Најнови вести