Тагата и болката не престануваат, две години без Црната мамба

На 26 јануари 2020 година, во 18.47 часот светот беше во шок откако ја дозна веста за трагичната смрт на славниот кошаркар Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа. Да биде трагедијата уште поголема, покрај Коби, загина и неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица.

Коби целата 20-годишна НБА-кариера ја мина во Лос Анџелес лејкерс, освои пет шампионски титули, со репрезентацијата на САД освои два златни олимписки медали, а се пензионира во 2016 година.

Дресовите на Црната мамба со броевите 8 и 24 се повлечени. На сите љубители на кошарката, денешниот ден им создава тага во срцето и чувствуваат празнина. Коби беше икона, не заслужи таков крај, затоа и целата планета беше во солзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести