Притисок на Чилеанците, ги пречекаа Аргентинците на аеродромот како да се најопасни терористи

Квалификациите за Светското првенство во делот на Јужна Америка влегуваат во фаза кога за тимовите е важен секој бод, засега само Бразил и Аргентина имаат обезбедено место на Мундијалот во Катар.

Најжешко се очекува да биде во Чиле, каде што ќе гостува Аргентина. Атмосферата пред хотелот на Чилеанците беше спектакуларна, поддршката за тимот е огромна.

https://twitter.com/i/status/1486506380555132928

Вечерва во 1.30 часот по полноќ, Аргентина без Лионел Меси и без селекторот Лионел Скалони ќе гостува во Чиле. На Чилеанците им гори под нозе, шести се, мора да победат за да се пробијат на местата коишто водат на СП, па решија на Гаучосите да им приредат „топло“ добредојде.

Мечот ќе се игра во градот Калама, но Аргентинците објавија снимки на кои се гледа како на аеродромот нивните торби ги проверувале и полициски кучиња кои бараат дрога, биле предолго претресувани и им се вршеле претерани контроли.

https://twitter.com/i/status/1486505255273517056

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести