Фудбалските богови ја носат Канада кон СП – Кога „сака“ топката да влезе во голот, ништо не може да ја сопре (ВИДЕО)

Канада е на добар пат по 36-годишна пауза да се пласира на Светското првенство во Катар.

Тие со победата над Ел Салвадор од 2:0 дојдоа до 25-тиот бод по 11 одиграни рунди во квалификациите во Средна и Северна Америка.

Првиот гол беше неверојатен и е запишан на ветеранот Атиба Хачисон во 66-тата минута, а покажува дека и фудбалските богови навиваат за Канада.

Едноставно ,топката по неверојатна среќа заврши во голот на домаќините, а со голот на Џонатан Дејвид во 91-вата минута, Канада само ја потврди победата.

За да биде дефинитивен учесник на СП, Канада треба да освои уште еден бод на мартовските квалификации, каде што ќе игра против Костарика (гости), Јамајка (дома) и Панама на гостински терен.

Нивните најголеми ривали САД и Мексико имаат по 21 бод и тие се речиси сигурни патници на Мундијалот, но се ќе биде познато по мартовските средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести