Сите фаворити во Евролигата победија а тие што ги одиграа на тикет, добро си ќарија

Сите пет фаворити на денешните средби од Евролигата си победија, а тие што ги испочитуваа добро си заработија, бидејќи тие заедно правеа квота од 4.37.

ЦСКА Москва славеше на домашен терен против Алба Берлин со 91:72, а квотата за победа на домаќинот во Sport Life изнесуваше 1.18, додека најдобар играч на средбата беше Никола Милутинов со 21 поен и 11 скокови.

Анадолу Ефес исто така беше огромен фаворит против АСВЕЛ, а таквата улога и квотата од 1.11 ја оправда со победа од 78:72.

Победа на Уникс Казан на гостувањето кај Жалгирис беше вреднувана со квота од 1.55, што исто така беше добитна бидејќи гостите на крајот се радуваа со победа 76:67.

Великанот Олимпијакос ја победи на гостински терен Басконија со 72:62, а за нивен успех, Sport Life пред почетокот на средбата даваше коефициент од 1.62.

Последна средба со која што се комплетираше вечерашната програма беше таа меѓу Реал Мадрид и Зенит Санкт Петерзбург, каде што за кралскиот тим имаше квота од 1.33, а истата беше добитна, откако по 40 минути, резултатот беше 85:64.

ЕВРОЛИГА

ЦСКА Москва – Алба Берлин 91:72

Анадолу Ефес – АСВЕЛ – 78:72

Жалгирис – Уникс Казан 76:67

Басконија – Олимпијакос 62:72

Реал Мадрид – Зенит Санкт Петерзбург 85:64

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести