Челзи не сака да му се повтори кошмарот од пред 10 години

Светското клупско првенство од 2005 година е во формат според кој учество добиваат континенталните прваци и тие решаваат кој е најдобриот фудбалски тим во светот. Европските шампиони доминираат во оваа ера и од досега одиграните 16 турнири, дури 13 пати трофејот завршил кај европскиот шампион.

Само во првите две сезони Јужноамериканските прваци успеаа да ги победат Ливерпул и Барселона, а потоа во следните 15 години, Европа само еднаш била „на колена“. Тоа се случи во 2012 година, кога Челзи загуби во финалето од Коринтијанс.

Точно 10 години по тој пораз, Челзи има нова шанса за светска круна. Лондонскиот тим повторно ќе игра финале на Светско клупско првенство и повторно против бразилски ривал. Овојпат тоа ќе биде Палмеирас.

Кај Челзи во ссотавот се врати голманот Менди, а во Абу Даби точно навреме пристигна и тренерот Томас Тухел кој го прележа Коронавирусот.

Палмеирас ќе се обиде да стане четвртиот бразилски клуб со светска клупска титула и да се приклучи на Коринтијанс (2000 и 2012 година), Интернасиона (2006) и Сао Пауло (2005 година). Од Англија, само Манчестер јунајтед (2008) и Ливерпул во 2019 година биле светски клупски прваци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести