Дејвис вели дека Вардар секогаш игра да победи, но квотите велат дека тоа е тешко остварливо на следниот меч

По повеќе од два месеци пауза, ракометниот првак Вардар утре ќе продолжи со настапите во Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат кај Монпелје и се во улога на аутсајдери.

По 10 одиграни меча во групната фаза, Монпелје е лидер со 16 бодови (седум победи, две ремија и само еден пораз), додека Вардар е на претпоследното седмо место само пет бодови и дури со седум порази во низа.

Вардар имаше две победи и едно реми во првите три кола, а потоа во Скопје гостуваше Монпелје. Французите победија во „Јане Сандански“ со 31:25, што беше најава за старт на седумте порази на Црвено-црните. Македонскиот првак го смени тренерот и на местото на Веселин Вујовиќ го доведе Давид Дејвис, кој всушност се враќа во клубот. Тому Дејвис верува дека Вардар мора да ја прекине лошата низа.

„Монпелје е најтешкиот ривал, тим кој сезонава игра одлично во Лигата на шампионите, но и во домашниот шампионат. Ќе биде тешко, но мора да веруваме во нас. Вардар секогаш игра на победа. Наша главна цел е да влеземе во најдобрите шест во групата“, вели Дејвис.

Според коефициентите во Sport Life, сепак е тешко за верување дека Вардар ќе може да победи на гости во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести