ТФТ Скопје успеа со голем пресврт да го победи Берое од Бугарија во последното десетто коло во фазата по групи во БИБЛ-лигата и ќе игра во втората фаза.
Скопјани беа одлични кога најмногу беше потребно и ја добија последната четвртина со 24:12 за победа од 95:88.
Почетокот му припадна на македонскиот претставник, а по првиот период ТФТ Скопје водеше со 20:18.
Берое возврати со пресврт и по првото полувреме имаше предност од 46:41.
Во третиот период беше израмнето, 30:30, а потоа следеше големиот пресврт во режија на скопјани, кои победија и со биланс од по пет победи и порази го освоија четвртото место во Б групата во БИБЛ-лигата.