Дејан Георгиевски во Албанија победи Грк, на повидок е финале со олимпискиот првак Ларин

Најдобриот македонски спортист за 2021 година, сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски и годинава одлично ја претставува Македонија во таеквондо.

На „Президент купот Г2“ во Албанија, Георгиевски совлада двајца противници, Гркот Ангелопулос и Французинот Ел Омар, со што се пласира во полуфиналето.

Дејан е втор носител во неговата категорија и ако нема изненадувања, тогаш Георгиевски би требало во финалето да се сретне со Русинот Ларин, од кого загуби во олимпиското финале во Токио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести