Кристијано Роналдо против Атлетико е гаранција за гол(ови)

6001 Атлетико М. – Манчестер ј. (21.00 часот)

Јорганџиите сезонава се во лоша форма, многу потфрлаат во одбраната која ги красеше изминатата деценија и Облак прима повеќе голови отколку што има одбрани, но нападот им е поефикасен отколку во минатото, па некогаш компензираат.

Атлетико викендов славеше со 3-0 кај Осасуна, а Јунајтед со 4-2 кај Лидс, па ова најавува голови. Сега, со новото правило нема калкулирање, дали е 0-0, 1-1 или 2-2, нема никаква разлика, мора да се даде гол повеќе за пласман во следната фаза. Овие клубови никогаш не играле меѓу себе, но Атлетико против себе ќе го има стариот душман, Кристијано Роналдо, кој многупати ги завивал во црно.

Предлог тип: ГГ (1.84)

 

6003 Бенфика – Ајакс (21.00 часот)

Овие два клуба имаа среќа во ждрепката, но многумина ги потценуваат сметајќи дека не се во редот на конкуренти за титулата. Сепак, Бенфика во групната фаза ја исфрли големата Барселона, а Ајакс во своите редови го има најдобриот стрелец во групната фаза, Алер.

Ајакс во 2022 година има само победи, и ова им е прв посериозен тест. Орлите во Лисабон се многу опасни, но познато е дека се „проколнати“ и тешко дека ќе го елиминираат холандскиот гигант. Ајакс трипати гостувал во Лисабон, и секогаш било со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.14)

 

1001 Барнли – Тотенхем (20.30 часот)

Барнли пред четири дена извојува убедлива победа и веќе не е последен на табелата во Премиер лигата, но секој нов бод е важен во битката за опстанок. Тотенхем исто така е во еуфорија по триумфот над Манчестер сити.

За Петлите, и ЛШ не е невозможна мисија, бидејќи четвртиот Манчестер јунајтед им бега седум бода, но Тотенхем има три меча помалку. Тимот на тренерот Конте има само три ремија во 23 настапи сезонава, а Барнли има само две победи и дури 11 нерешени резултати на 22 меча.

Предлог тип: 2 (1.81)

 

1002 Ватфорд – Кристал палас (20.30 часот)

Ватфорд грчевито се бори за опстанок, извојува значаен триумф во минатото коло, но уште е во опасната зона, со четири бода помалку од „безбедните“ Њукасл и Евертон.

Кристал Палас навидум е безбеден, има осум бода плус и еден меч повеќе од Ватфорд, но Палас одамна нема победа и формата му е во надолна линија. Ватфорд дома има серија од шест порази по ред, а Палас има три ремија едноподруго на гостински терен. Ова е прв нивен меѓусебен дуел сезонава.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)

 

1003 Ливерпул – Лидс (20.45 часот)

Ливерпул има шанса со победа над Лидс да дојде само на три бода негатива зад Манчестер сити и да ја вжешти трката за титулата.

Црвените се во победничка низа, го имаат најефикасниот напад во лигата, а Лидс има примено 50 гола на 24 меча и ја има втората најлоша одбрана. Жота и Фирмино се во аут, но и кај гостите ќе фалат важни играчи, како Бамфорд и Филипс. Лидс 21 година не знае за победа над Ливерпул.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.91)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести