Халер е чудо, како кегли ги урива рекордите во Лигата на шампионите (Фото)

Себастијан Халер постигна и автогол и гол во првото полувреме за Ајакс на „Луж“ против Бенфика и продолжи да ги урива рекордите во Лигата на шампионите.

Сега ги има четири што се вредни, како и победите што му ги носи на холандскиот гигант.

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска блеска во дресот на Ајакс и вечерва стана човекот што најбзро постигна 11 гола во Лигата на шампионите во првите 7 натпревари.

И останатите рекорди му се во истата категорија, а опасниот напаѓач и стрелец на Копјаниците најбрзо постигна пет гола на првите два меча, потоа и 9 погодоци на стартните пет натпревари и 10 на првите шест што ги играше во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Squawka/status/1496583518629081097?s=20&t=8Rcf7D6gdj9kvO9idd3M0w

Интересен е податокот за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и вели дека Халер постигна повеќе голови на 7 меча за Ајакс во Лигата на шампионите, а ги има 11, отколку на 48 натпревари што во Премиерлигата ги одигра за Вест хем, а даде 10 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести