Супер деби на Васоски, запиша прв официјален триумф како тренер на Сараево

Фудбалерите на Сараево беа мотивирани да се докажат пред новиот тренер Александар Васоски, па уште во прва минута дадоа гол и најавија дека ќе го победат Леотар во Требиње, во дуел од Премиерлигата на БиХ.

Сараево победи со 2-0 во дебито на Васоски како кормилар на еден од најголемите босански клубови. Головите паднаа во 1. и 13. минута.

Крсте Велкоски играше 80 минути, а Даниел Аврамовски кој неодамна потпиша за Сараево, не беше ни на клупата, па дебито ќе го почека во друга прилика.

Сараево е четврти и бара излез во Европа, а Леотар е претпоследен и се бори за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести