Дончиќ ќе „убиеше“ дете во публика, Јокиќ здиве по судиска одлука (Видео)

Лука Дончиќ одигра одличен меч и против шампионот Голден Стејт, но сепак Стеф Кари Кевин Дурант и останатите беа пресилни, па Далас загуби со 116:120. Тинејџерот во дресот на Далас заврши со 19 поени, а играчите на Голден Стејт не бираа сретства како да го сопрат. Во една таква ситуација, Дончиќ заврши меѓу гледачите и тоа директно врз едно детенце. За среќа, детето не беше повредено.

Никола Јокиќ од Денвер не можеше да се помири со дел од судиските одлуки, па жестоко реагираше и затоа доби исклучување. со овој свој потег, Јокиќ на цедило ги остави своите соиграчи од Денвер, кој загуби со 132:111 од ЛА клиперс.

https://youtu.be/eDsWJLHHdeE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести