Димитар Ѓорѓиев без сомнение е нашиот најдобар кикбоксер и еден од најголемите спортски амбасадори на Македонија.
Тој во изминативе години има безброј успеси од Светските и Европските првенства, каде што и покрај сите потецнувања и омаловажувања во државава и самите натпреварувачи таму, константно им покажува дека не можат да го „урнат“ во неговите фантастични успеси.
„Моментално најдраг резултат ми е златниот медал од Европското првенство кое се оддржа во 2018 година, 8 години пробував да освојам златен медал на Европско првенство“, започна Димитар, кој се надоврза и на златниот медал на последното Светско првенство кое се одржа во Италија.
„АМС и мојот роден град ме испочитуваа и немам ништо против нив, имам против политичарите во Македонија, кои очигледно намерно сакаат да го поделат и тој народ што остана тука, па затоа во време на политичка кампања одлучив да си го прославам резултатот со најблиските“.
СОЗДАДЕН Е НАЈДОБРИОТ КБК КЛУБ РАБОТНИЧКИ АДОРА
Веќе неколку години со голем успех во државава функционира кикбокс клубот Работнички Адора, којшто е под водство токму на Димитар. Тимот изминатиов период беше активен на Кикбоксинг Гран при во Сараево.
„Презадоволен сум од настапот на нашите натпреварувачи, сите покажаа големина и храброст, нормално, и златните медали не ни избегаа, но, сепак, мило ми е што во нашиот клуб имаме шампиони.
За понатаму планирам да настапи некој од кикбоксерите од тимов на некое големо натпреварување како Европско првенство“, додаде нашиот најдобар кикбоксер.
ИНТЕРЕСЕН Е НЕГОВИОТ ОМИЛЕН ТИМ, А „СПОРТСКА“ НЕ ИГРА
Да се биде успешен спортист и да се води клуб, истовремено значи да се жртвува многу од слободното време, кое Димитар речиси и го нема.
А на прашањето дали има омилен клуб или спортист, тој ни одговори.
„КБК Работнички Адора е мојот омилен клуб. Додека за спортска и тикет навистина немам време бидејќи обврските не ми дозволуваат, но сега ќе направам исклучок бидејќи се работи за хуманитарни цели“, заврши Ѓорѓиев.