И официјално: Европскиот првак ќе биде познат во Белград!

Белград по вторпат само во пет годиниќе биде домаќин на завршницата на кошаркарскиот фајнлфор-турнир во Евролигата. Специјализирани кошаркарски европски медиуми потврдуваат дека главниот град на Србија ќе биде организатор на турнирот по кој ќе биде познат новиот европски првак.

Завршницата ќе биде од 19 до 21 мај. Во четврток ќе се играат полуфиналните дуели, а во саботата на 21 мај е закажано финалето, кога и ќе биде познат најдобриот тим во Европа.

Првично фајнлфор-турнирот требаше да се игра во Берлин, но поради епидемиолошките мерки во Германија, уште не е дозволено присуство на публика, па затоа беше решено Белград, кој беше домаќин на фајналфорот во 2018 година, сега повторно да го собере европскиот крем.

Во 2018 година, во Белград се радуваше Реал Мадрид, и тоа предводен од Лука Дончиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести