Црно сценарио за руските клубови во Евролигата, воопшто нема да играат од следната сезона

Евролигата на УЛЕБ подготвува сценарио што е погубно за руските клубови, а моментно ги има три и се очекува одлука тие воопшто и да не играат во иднина во најсилната европска лига.

Засега руските клубови, ЦСКА Москва, Зенит Санкт Петербург и Уникс Казањ се суспендирани до 21. март, но им се подготвува уште полошо сценарио и неизвесна иднина во Евролигата.

ЦСКА е еден од основачите на Евролигата и има А лиценца и тука ќе оди потешко со елиминацијата на популарните Армејци.

Зенит и Уникс се со едногодишни договори и тука не би имало проблеми со нивното неиграње веќе од следната сезона.

Се најавува дека празните места би ги пополниле три екипи што играат во Еврокупот, а најблиску се поранешниот европски првак Партизан, двојниот европски шампион Виртус Болоња и Валенсија.

Ако се донесе ваква одлука Евролигата ќе остане без вториот најтрофеен клуб во Европа, ЦСКА Москва, екипа што има 8 шампионски круни, а само Реал Мадрид е потрофеен со 10 титули европски првак.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести