Македонец во скок во далечина освои бронзен медал на Балканското првенство во сала

Атлетичарот Андреас Трајковски освои бронзен медал на Балканското првенство во сала кое се одржува во Истанбул.

Трајковски кој живее во Шведска, во дисциплината скок во далечина имаше прескокнати 7,62 метри, што е три сантиметри послабо од македонскиот рекорд, и тоа беше доволно за трето место и бронза.

Следни македонски атлетичари кои ќе настапат во Истанбул се Јован Стојоски и Дарио Ивановски.

- Оглас -

Најнови вести