Турска фудбалска класика – Вриеше во Истанбул, Фенер не го победи шампионот, навивач влезе да го тепа судијата (Видео)

Немили сцени имаше на турското дерби меѓу најтрофејниот клуб Фенербахче и сега веќе новиот првак Трабзонспор, а мечот проследен со многу инциденти заврши нерешено 1:1.

Трабзон, кој е лидер со 15 бода предност пред Коњаспор и цели 20 во однос на Фенербахче, имаше играч повеќе од 18-тата минута, кога беше исклучен Кавечи и иако поведе со 1:0 како гостин, не успеа да победи.

Миха Зајц израмни на 1:1 во 71-вата минута, а имаше и серија инциденти во пеколната атмосфера на стадионот „Улкер“ на Фенербахче.

Во еден момент на теренот влета навивач на Фенер и го нападна судијата Кучук.

Од трибините летаа и тврди предмети кон гостите, а еден играч на Трабзонспор е повреден.

До крајот на првенството има уште 10 кола, а предноста на Табзонспор е недостижна и тие се на прагот на седмата титула.

Рекордер е Фенербахче со 28 шампионски круни, пред Галатасарај со 23, Бешикташ со 21 и Трабзонспор со шест.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести