Фали едно евро за 10 илјади – Севилја со невидена цена за билети ќе се брани од англиска инвазија на навивачите на Вест хем

Севилја и Вест хем утре од 18.45 часот ќе го почнат осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа, а рекордерите во ова натпреварување со шест пехари најдоа необичен начин за да се одбранат од инвазија на англиските навивачи.

Раководството на Севилја одлучи да ги продава билетите за ќошињата на стадионот „Рамос Санчес Писхуан“ по невидена цена од 9.999 евра за да спречи инвација на симпатизерите на популарните Чекани.

Навивачите на Севилја за истите влезници на тие позиции на стадионот плаќаа по 35 евра со претсезонските билети и разликата е огромна.

Дуелот меѓу овие две екипи е еден од дерби-двомечите во првата нокаут-фаза во игата на Европа, а осминафиналето почнува денеска, со два меча.

Од 18.45 часот ќе играат Бетис и Ајнтрахт Франкфурт и Порто против Лион, а утре ќе се играат уште пет натпревари.

Лајпциг веќе е четвртфиналист бидејќи неговиот ривал Спартак Москва е исфрлен од натпреварувањето поради војната во Украина.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести