ВАР ја спаси Барселона од бламажа против Галатасарај – Ќе се решава во турскиот „пекол“ (ВИДЕО)

Барселона одигра само 0:0 против Галатасарај на „Камп ноу“ во првата осминафинална средба од Лигата на Европа.

Домашните играчи и фановите можат да бидат среќни со тоа што на реваншот се замина со овој резултат бидејќи гостите од Турција преку Бафетими Гомис постигнаа гол во 79-тата минута, но тој со ВАР беше поништен поради офсајд.

Барса имаше неколку шанси преку Мемфис Депај, Серхио Бускетс и Жорди Алба, но не успеа да погоди.

Во Глазгов, пак, Ренџерс ја победија Црвена ѕвезда со 3:0, иако гостите има за што да жалат, а особено тоа важи за Александар Катаи, кој во првото полувреме промаши пенал, но имаше и два гола поништени поради офсајд.

Тоа го искористија домаќините коишто со головите на Џејмс Таверниер (11′), Алфредо Морелиос (16′) и Леон Балугун во 51-вата минута, му обезбедија убава предност на својот тим во реваншот на „Рајко Митиќ“.

ЛИГА НА ЕВРОПА

Барселона – Галатасарај 0:0

Брага – Монако 2:0

Глазгов ренџерс – Црвена ѕвезда 3:0

Аталанта – Баер Леверкузен 3:2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести