РК Вардар 1961 со ново засилување за следната сезона!

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на Вардар 1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап. Цехте игра на позицијата десен бек и моментно настапува за тимот на Хановер во Бундеслигата.

Цехте потекнува од школата на Горење, каде што настапуваше од 2013 до 2018 година, по што замина за Хановер. По пет сезони минати во Германија реши да се пресели во Македонија.

Десниот бек во јануари беше дел и од репрезентацијата на Словенија, која настапи на ЕП во Унгарија и играше во групната фаза бидејќи Словенците не се пласираа во следниот круг. Настапи за Словенија и на претходното ЕП 2020 година ,кога го освои четвртото место.

„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушам само убави работи за сè што ме очекува во новата средина, за тренерот, за нивото на коешто е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас и, секако, ќе се бориме.
Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис“, вели Цехте.

Вардар сезонава се пласира во Топ-12 екипи во ЕХФ Лигата на шампионите откако во групната фаза во конкуренција на осум екипи го освои петтото место со 13 бода. Сега Вардар ќе игра и во осминафиналето против тимот на Веспрем и ќе барам пласман меѓу осумте најдобри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести