Србија завиена во црно – Легенда на Партизан почина додека играл мал фудбал

Небојша Вучичевиќ е легенданиот фудбалер на Партизан кој што вчера ненадејно почина на 59-годишна возраст. На Вучичевиќ му се слошило додека играл мал фудбал во Белград, а интервенцијата на лекарите била безуспешна.

За Партиза, Вучичевиќ играл пет сезони и тоа во периодот од 1984 до 1989 каде што на 140 настапи дал 26 погодоци, а во својата богата играчка кариера, покрај „црно-белите“ играше и за Мец, ОФК Београд, Мура, Железничар Марибор, а се проба и во мал фудбал во САД.

Пред само два месеци, Вучичевиќ ја прифатил улогата да биде тренер на Динамо Врање.

- Оглас -

Најнови вести