Сам го победи Њујорк – Дурант влезе во друштво на Џејмс и Татум (ФОТО)

Кевин Дурант стана третиот кошаркар сезонава којшто постигнал најмалку 50 поени на два натпревари. Тоа на асот на Бруклин нетс му успеа во победата над Њујорк никс од 110:107, каде што тој беше стрелец на 53 поени.

Со ова достигнување, Дурант им се приклучи на Леброн Џејмс и Џејсон Татум, кои беа единствените двајца со вакво достигнување.

Нетси со оваа победа сега имаат скор од 35 триумфи и 33 порази и се наоѓаат на осмото место во Западната конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести