Селекторот Раул Гонзалес и Парондо празнично отсутни од првиот собир на ракометната репрезентација

Македонската ракометна репрезентација го има првиот собир пред Мундијалот во Германија и Данска, што ќе се игра во јануари, а вечерва оправдано отсутен е тандемот на клупата, селекторот Раул Ганзалес и неговиот помошник Парондо.

Поради католичкиот Божик, тие подоцна ќе се приклучат, исто како и тандемот репрезентативци Борко Ристовски, Филип Талески и Филип Лазаров, кои имаат клупски обврски.

Македонија ги почна подготовките, веќе е закажан и еден пријателски меч, со Србија на четврти јануари, а мечевите на Светското првенство ќе ги почнеме на 11-ти јануари против Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести