Денеска од 18.55 часот премиерно ќе се одиграат 12 натпревари, а уште 12 од првото коло во фазата по групи ќе се играат од 21 часот.
Наш избор се 8 дуели, со анализа, статистика и совети за типување.
МОЛ Види – БАТЕ Борисов (18.55 ч.)
Голови на унгарското мени
Ова е меч на две екипи што не успеаја да ја минат последната квалификациска пречка за настап во Лигата на шампионите, па утеха ќе бараат во меѓусебен меч од тешката група Л.
Овде секој бод многу значи, бидејќи конкуренцијата е дополнета со Челзи и ПАОК.
За популарниот Видеотон, или како што сега се нарекува МОЛ Види, веројатно од старт ќе игра нашиот репрезентативец Бобан Николов.
Двете екипи добро се познаваат, играа меѓусебе во полуфиналето во квалификациите за ЛШ пред три години и тогаш БАТЕ Борисов беше поуспешен и мина понатаму со вкупен резултат од 2-1.
Белорусите речиси си ја обебзедија домашната титула и можат да се фокусираат на настапите во Лигата на Европа, за разлика од МОЛ Види, екипа што подзаостана во битката за одбрана на титулата во Унгарија.
Иако наликува на меч со малку голови, двете екипи имаат добар офанзивен потенцијал. Иваниќ, Скавиш, Бага, Стасевич…. ја користат и најмалата шанса да постигнат гол за БАТЕ, а на спротивната страна српското дуо Лазовиќ и Шчеповиќ, потпомогнати од Хусти, Хаџиќ и нашиот Николов, често знаат да одиграат ефикасно.
Предлог тип: ГГ (2.03)
Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Франкфурт (18.55 ч.)
„Велодром“ е тврдина што тешко се освојува
Олимпик Марсеј негува офанзивен фудбал, филозофијата на Руди Гарсија е да се игра за гол повеќе, а слична тактика ланската сезона имаше и Ајнтрахт.
Сезонава популарните „орли“ од Франкфурт ја почнаа поскромно, со еден мошне интересен детаљ. Од четирите погодоци досега во Бундеслигата, три постигна Себастијан Халер. Францускиот интернационалец вечерва ќе игра на добро познат терен во својата земја, на еден од најжешките терени во Европа, на легендарниот „Велодром“. Тој ќе биде главна закана за одбраната на Марсеј, но домаќините и не се грижат многу дали ќе примат гол, важно е да се даде еден повеќе од противникот. Со 14 постигнати голови во пет кола, Олимпик е втората најефикасна екипа во Франција, зад Пари Сен Жермен.
Флоријан Товен е лидер на листата на стрелците со пет голови, а во форма се и Паје, Жермен, Митроглу… Опасноста во офанзивниот дел на Марсеј доаѓа од сите страни, па се очекува меч со многу голови.
Предлог тип: ГГ&3+ (2,08)
Вилјареал – Глазгов ренџерс (18.55 ч.)
Подморница што тешко тоне во Европа
Вилјареал е фаворит против Глазгов ренџерс, екипа која конечно по долг пост се врати на европската мапа. Приказната на Стивен Џерард и неговиот победнички од со Ренџерс во дебито како тренер е една од магиите што само фудбалот може да ја понуди.
Џерард за првпат е менаџер на клуб и почетокот му е одличен. Го донесе Глазгов ренџерс до фазата по групи во ЛЕ, а амбициите се да се мине понатаму во опасна конкуренција на Вилјареал, Спартак Москва и Рапид Виена. Состав што нуди неизвесна битка до крај за првите две места. Вилјареал е фаворит, но не почна добро во шпанската Ла Лига. Сепак „жолтата подморница“ има подобар играчки кадар од Глазгов ренџерс, патем гостите од Шкотска имаат дури 7 повредени играчи, што им ја дава улогата на аутсајдер.
Интересно е што двете екипи играа меѓусебе во Лигата на шампионите пред 12 години и двата меча завршија нерешено, со голови. Во Глазгов беше 2-2, а во Валенсија 1-1.
Предлог тип: 1Х&2>1 (2,20)
Рен – Јаблонец (18.55 ч.)
Бен Арфа е на готовс за деби
Бен Арфа се врати во Франција, Рен се засили пред почетокот на оваа сезона, а еден од новите играчи е „лошото момче“ на францускиот фудбал.
Бен Арфа ветува поинаков пристап и ќе се обиде да го потврди талентот што го одведе во силни клубови од калибарот на Лион, Марсеј, Њукасл. Своевремено тој беше еден од најталентираните офанзивни играчи во Европа, а вечерва од 18.55 часот го очекува дебито за Рен.
Францускиот состав е поквалитетен од ривалот од Чешка, но Јаблонец нема да се предаде, по одличната ланска сезона. Ветеранот Храмоста игра камо прероден, дава голови како од шега и тој ќе го предводи Јаблонец на првиот меѓусебен дуел со Рен.
Французите имаат и кадровски проблеми, ќе отсуствуваат петмина играчи, но сепак се големи фаворити за победа.
Предлог тип: 1 (1,42)
Севилја – Стандард Лиеж (18.55 ч.)
Андалузија е подготвена за нов европски поход
Севилја е една од најуспешните екипи во новиот милениум во европските купови, особено во Лигата на Европа. Во 2005/06 го почна европскиот поход со триумф во тогашниот Куп на УЕФА, а серијата беше блескава и стаса до неверојатни пет круни во ова натпреварување, сега познато како Лига Европа.
Во Андалузија се надеваат на нов успешен пат кон финалето и нов пехар, а прва пречка е Стандард Лиеж.
Фаворитот се знае, Стандард има одлично реноме во Европа, но Севилја е апсолутен фаворит. Гостите од Лиеж допатуваа во Севилја без најдобриот стрелец М`Поку, па ќе им биде тешко на „Санчес Писхуан“ во потрага по сензација.
Предлог тип: 1-1&2+ (2,10)
АЕК Ларнака – Цирих (21.00 ч.)
Тричковски е незапирлив
Иван Тричковски е во феноменална гол-форма, постигна шест погодоци во квалификацискиот циклус за АЕК Ларнака и беше најзаслужен што шпанско-македонската армада од Кипар стаса до фазата по групи во ЛЕ.
АЕК е нетипична кипарска екипа дури со 8 Шпанци во составот, двајца македонски фудбалери, Тричковски и Даниел Мојсов, и со уште неколкумина странци. Тука домашните играчи најчесто служат за да го пополнат местото на клупата, а Андони Ираола одлично ја води интересната фудбалска композиција од Ларнака.
Цирих е во малку послаба форма на стартот од швајцарското првенство, па ја има улогата на аутсајдер вечерва на „НЕО ГСП“, стадионот во Никозија. Ова ќе биде прв меѓусебен меч на двете екипи.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1,67)
Ред Бул Лајпциг – Ред Бул Салцбург (21.00 ч.)
Брат за брат, за бодови милост нема
Ова е најконтроверзниот меч во поново време во европските купови, а меѓусебе ќе играат две екипи со ист спонзор, Ред Бул.
УЕФА ги предупреди и двете екипи дека нема да дозволи да играат во ист ранг на натпревари во Европа, ако до тоа дојде, но им прогледа низ прсти, па вечерва ќе гледаме братско дерби.
И како што обично бидува, ждрепката во Нион како за инает ги смести во иста група двете франшизи на моќниот Ред Бул.
Покрај спонзорот, раце тријат и обложувачите, бидејќи ова е дуел на две ултраефикасни екипи и одлична шанса да се заработи на дел од многуте игри на голови што ги нуди нашата обложувалница.
Би било чудно ако нема најмалку три погодоци на арената „Ред Бул“ во Лајпциг вечерва, од 21 часот, а дека дуелите меѓу Лајпциг и Салцбург се ефикасни, потврда е и единствениот меѓусебен меч на овие екипи. Играа пријателски натпревар пред три години, што заврши со резултат 3-3.
Предлог тип: ГГ&3+ (1,86)
Дуделанж – Милан (21.00 ч.)
Историја за Луксембург, Милан се надева на рутина
Дуделанж е првиот клуб од Луксембург што ќе игра во Лигата на Европа, па вечерва на стадионот „Жози Бартел“ ќе има славеничка атмосфера.
Милан има поинакви планови, мирно, рутински да го добие мечот во кој е апсолутен фаворит. Гостите од Милано се без доста стандардни првотимци, ќе ги нема Сусо, Кутроне, Бонавентура, Конти, Мусачио, Родригез и Стриниќ, а можно е тренерот Гатузо и дополнително да комбинира, бидејќи на ред е дуел со незгодната Аталанта, викендов во Серија А.
Сепак, Милан е апсолутен фаворит и сè друго освен победа на гостите би било огромна сензација.
Предлог тип: 2-2 (1,65)