Страотен судир со глави во воздушен дуел на мечот меѓу Мајнц и Борусија Дортмунд преживеаја Џуд Белингам и Никлас Тауер.
Играчот на Борусија, Белингам, успеа прв да стане, но губеше рамнотежа од силината на ударот и замина надвор од теренот со помош на медицинскиот тим на гостите за да му биде пружена помош.
Полошо мина Тауер, кој остана на тревникот неколку минути и потоа мораше да биде заменет.
Белингам, сепак, успеа да се врати на терен и го одигра мечот до крај.
Судирот се случи во 75-тата минута, а 12 минути подоцна Аксел Витсел го постигна победничкиот гол за Борусија, што беше и единствен на заостанатиот меч од Бундеслигата.