Клоп не е единствениот кој го напушта „Енфилд“, со него си заминуваат и осум фудбалери

Јирген Клоп летово си заминува од клупата на Ливерпул, но според последните информации од Островот, тој нема да биде единствениот што летово ќе си замине од „Енфилд роуд“. На излезна врата од Ливерпум се и осум фудбалери, на кои раководството не смета, а нивниот статус може да се промени само ако новиот тренер, Арне Слот, инсистира некој од нив да остане на „Енфилд“.

Станува збор за фудбалерите Келер, Диас, Цимикас, Мортон, Карваљо, Филипс, Ремзи и ван ден Берг. Најзвучното име помеѓу овие фудбалери е она на колумбиецот, Луис Диас, за кого сепак, можеби ќе се најде место во составот на Ливерпул за следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести